Внуката на основачот на Гестапо: Се стерилизирав за да не раѓам монструми
Во документарниот филм „Моето семејство, нацистите и јас“ се појавуваат заборавените деца на Третиот рајх чии родители и чичковци биле одговорни за некои од најтешките злосторства во историјата. Документарецот е сниман три години, а за оние кои учествувале ова било првпат да зборуваат за минатото коешто ги прогонува во текот на целиот живот.
Меѓу интервјуираните е Бетина Геринг, внуката на Херман Геринг, кој го основаше Гестапо и учествуваше во организирањето на Холокаустот. Оваа 60-годишна жена се занимава со алтернативна медицина и живее во Санта Фе, Ново Мексико. Бетина вли дека таа и нејзиниот брат се одлучиле на стерилизација..
– Ги подврзав јајчниците кога имав 30 години, бидејќи се плашев дека ќе родам уште едно чудовиште. Изгледам како него, очите, јаболчниците, профилот. Личам на него повеќе отколку неговата ќерка – рекла Бетина.
Во филмот се појавува и Катрин Химлeр, внуката на Хајнрих Химлер, кој бил задолжен за програмата на истребување. Омажена е за израелски Евреин.
– Не верувам дека сум ја наследила таа лоша црта, но живеам со неговото име. Кога имав 11 години на телевизија се прикажуваше серија за холокаустот во Германија. Седнав и почнав да плачам, бидејќи презимето Химлер се повторуваша одново и одново. Свесна сум дека е најлошиот масовен убиц на модерното доба, но јас не сум одговорна за тоа – рекла внуката на Химлер.
Меѓу учесниците се и Моника Хетвиг, ќерката на командантот на нацистичкиот логор на смртта, но и Ханс Франк, синот на Никлас Франк, директно одговорен за смртта на шест милиони Евреи
Режисерот на филмот Чанош Зееви рекол дека снимајќи го филмот дошол до сознание дека помеѓу децата на сторителите на Холокаустот и оние кои се жртви постои фасцинантна сличност во емоциите.
– Направив силен дијалог помеѓу децата на сторителите и децата кои преживеале. Сите тие проживуваат холокауст секојдневно, не можат да живеат нормално – рекол режисерот.
Ханс Франк се сеќава како го гледал мачењето на затворениците во логорите, додека неговиот татко за тоа време се смеел.
– Многу слаби мажи беа поставени на диви маѓариња. Магарињата ги клоцаа, а луѓето паѓаа. Стануваа многу бавно и не им беше воопшто забавно колку што мене тогаш ми беше забавно – рекол Ханс Франк.
Извор: Плусинфо.мк