Професор решавал равенка во авион, патничка го обвинила дека е терорист
Професор по економија на Универзитетот во Пенсилванија доживеал непријатност на летот кога една сопатничка ги видела неговите комплицирани математички равенки и се посомневала дека станува збор за терорист.
Компанијата „Американ ерлајнс“ потврдила вчера дека на линијата Филаделфија – Сиракуза во четвртокот една жена изразила сомнеж околу професорот Гвидо Менцио.
Професорот рекол дека решавал диференцијална равенка по повод говорот којшто требало да го одржи на еден факултет во Канада. Додека работел на равенката, жената покрај него ја проследила белешката до стјуардеста, после што авионот тргнал назад кон излезот.
Жената дала изговор дека и било лошо поради болеста за да лета.
– Мислев дека се обидуваат да откријат дали таа патничка е болна. Наместо тоа, ми рекоа дека таа е загрижена дека сум терорист затоа што сум пишувал чудни работи на хартијата – рекол Менцио.
Професорот Менцио тогаш објаснил што, всушност, правел, после што авионот набрзо полетал. Иако кон него се однесувале со почит, професорот рекол дека го загрижува тоа што одложувањето на полетувањето можело да се реши со краток разговор или со пребарување на интернет.
Портпаролот на авиокомпанијата рекол дека екипажот го следел протоколот кој наложува грижа за болен патник, како и дека се испитуваат спорните наводи. Тој не навел што жената рекла, освен дека е утврдено дека не било кредибилно.
Извор: Плусинфо.мк