Како да станете личност која го сака понеделник
Неделата вечер не е многу популарна меѓу работните луѓе. Понеделник наутро со првиот звук на алармот прави да се чувствувате сосема очајно, а веќе со доаѓањето на среда почнувате да водите внатрешна борба со себе. Четврток ги прави работите поподносливи, за да во петок попладне едвај чекате да истрчате од канцеларијата, бидејќи конечно дојде редот на вашиот омилен дел од неделата – неговото височество викендот!
Сопственикот на компанијата „Вајнер медиа“, Гари Вајнерчук, на едно од неговите предавања изјави дека ги сожалува луѓето кои живеат за слободните викенди и годишниот одмор.
– Во недела навечер сум многу возбуден и не можам да го дочекам понеделникот. Таа вечер одам порано на спиење и се чувствувам како борец пред влегување во ринг. Луѓето денес многу време поминуваат на работа и многу е важно работата да ве прави среќни. Ако сте очајни поради работата, ќе бидете очајни и во сите останати животни сфери – вели Вајнерчук.
Што би можело да биде решение за неделната депресија?
– Добро размислете што е тоа што ве прави несреќни во врска со работата. Дефинирајте што е тоа што ви дава сила и ве возбудува додека работите и фокусирајте се на тоа. Обратете му се на шефот заедно да дојдете до заклучокот на кој начин вашето работно време можете најдобро да го искористите. Доколку не постои надеж дека работите ќе се подобрат, соберете храброст и започнете сопствен бизнис. Имате само еден живот, имате интернет, можностите се неограничени и треба да ги искористите. Не разбирам поради што луѓето дозволуваат да го изгубат здравиот разум работејќи нешто што не сакаат и убедувајќи се себеси дека не можат ништо да променат во својата работа. Ако постојано барате изговори, размислете на кој начин го поминувате слободното време – заклучува Вајнерчук.
Извор: Плусинфо.мк