„Шанел“ ја одржа првата ревија во Хавана по 57 години: Ѕвездите блескаа, Кубанците бесни
Познатата француска модна куќа „Шанел“ организираше модна ревија во Хавана, што претставува прв таков настан на Куба од 1 јануари 1959 година по победата на комунистичката револуција, пишува „Телеграф.рс“.
Моделите пред одбраната публика ја прошетаа најновата колекција на „Шанел“, а меѓу нив беa и познатиот американски актер Вин Дизел, најплатената светска манекенка, Бразилката Жизел Бундшен и актерката Тилда Свинтон. Инаку, „Шанел“ не ги продава своите производи во Куба.
Обичните Кубанци не можеа да присуствуваат на ревијата, па тој настан можеа да го гледаат оддалеку, зад оградата која ја чуваше домашната полиција. Ова малку предизвика и побуна кај Кубанците кои се навикнати да присуствуваат на сите јавни настани, поради сè уште актуелната доктрина на кубанската влада дека во Куба не постои класна или која било друга разлика меѓу луѓето.
Модната ревија на француската куќа „Шанел“ е уште еден знак за понатамошно затоплување на односите на Хавана со Западот. На почетокот на неделата кон Хавана од Флорида исплови првиот американски крузер по 50 години.
Главниот дизајнер на „Шанел“ Карл Лагерфелд ијзави дека новата колекција претставена во Хавана е инспирирана од кубанското културно наследство.
Производите на „Шанел“ или на која било модна куќа се недостапни за Кубанците, чијашто просечна плата 25 долари.
Извор: Плусинфо.мк