Ерменија и Азербејџан на раб на војна поради сарма
Ерменија и Азербејџан се на раб на уште еден судир. Овој пат поради хранатѕа, а влогот е нависитна голем. Ереван го обвинува Баку за кражба на рецепт за традиционалниот специјалитет – тамошните долми, нам познати како сарми.
Азербејџанското министерство за култура и туризам изјавило дека рецептот за добро познатото јадење на Балканот, Кавказ, Блискиот исток и во централна Азија, го сместува на листата на УНЕСКО за културно наследство, изјавил Абулфас Гарајев, министер за култура и туризам на Азербејџан.
– Не е тајна дека соседната земја (Ерменија) не само што има претензии кон азербејџанската територија, туку се обидува да ја присвои и нашата култура, вклучувајќи ја и националната кујна – изјавил Гарајев.
Министерот додал дека Ерменија порано се обидувала да го присвои и тамошниот бесквасен леб.
– Дрскоста на Ереван не познава граници и сега се обидува да ја присвои долмата, која и припаѓа на туската култура. Тие (Ерменците) барале вклучување на бескавскиот леб во листата за културно наследство на УНЕСКО. Зарем тоа не е присвојување? – изјавил азербејџанскиот министер.
Затоа Азербејџан со цел да го заштити своето културно наследство , испратил апликација во УНЕСКО.
Извор: Плусинфо.мк