Пронајдени три „околни нови Земји“
Меѓународен тим научници откри три планети со големина на Земјата, кои би можеле да бидат „кандидати“ за населување, пренесе денеска „Блумберг“.
Новооткриениот систем се наоѓа на околу 40 светлосни години од Земјата, се наведува во текстот, објавен денеска во списанието „Нејчр“.
Водечкиот автор на текстот Мишел Гилон вели дека системот иако е на огромна далечина, сепак во вселенски размери се смета за доволно блиску за да може да се нарече „околен“.
„Ловците на планети“ тие планети ги пронашле во близина на ултрастудената џуџеста ѕвезда, која е премногу слаба за да се појави во обична потрага по егзопланети. Двете планети се со извесна големина на Земјата и им требаат два дена за да се свртат околу ѕвездата со големина на Јупитер.
Планетите се премногу блиску до ѕвездата за да бидат целосно населени, но авторите на текстот сугерираат дека на нив би можело да има предели во кои луѓето би можеле да преживеат. Планетите имаат синхрона ротација, така што истата страна секогаш им е свртена кон ѕвездата, како Месечината околу Земјата. Истражувачите забележале и трета планета, но немаат доволно информации да ја опишат како претходните две. На Гилон и неговите соработници ќе им биде потребна помош од телескопот Хабл и од Вселенскиот телескоп Џејмс Веб за да утврдат каква е атмосферата на новопронајдените планети.
Извор: Плусинфо.мк