Фејсбук објавува војна на шокантните наслови
Во борбата за опстанок, сајтовите и интернет порталите секогаш се трудат да пронајдат начин како што поголем број луѓе да „кликнат“ на објавените вести. Меѓутоа, на компанијата „Фејсбук“, изглед, нималку не и се допаѓа оваа пракса.
Фејсбук неодамна објави дека во иднина ќе го мери времето на корисниците што го поминуваат „читајќи“ ги натписите на чии линкови „кликнале“ на оваа социјална мрежа, а алгоритамот потоа врз основа на добиените резултати ќе процени дали во иднина текстовите на истите или слични сајтови ќе им бидат на корисниците од значење.
Фејсбук објаснува дека, колку повеќе време поминувате читајќи некој текст, поголема е веројатноста дека ви е интересен и дека нешто слично ќе сакате да прочитате и во иднина.
Оваа опција засега се однесува само на категоријата Инстант артикалс и статиите прочитани преку интернет прегледувачот на паметните телефони.
Компанијата во моментот исто така се обидува да пронајде начин да ги казни веб страниците кои постираат премногу често бидејќи сака на корисниците во рамките на секцијата News Feed да им прикаже што поразновидна содржина.
Извор: Плусинфо.мк