Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Милчо Манчевски на њујоршки Менхетен и во Бруклин го режира својот петти игран филм „Бикини“. Деновиве проектот „Бикини“, по сценарио и во режија на Манчевски, влезе во последните фази на претпродукција и снимени се почетните материјали, а првата клапа ќе падне на 9 мај.

Станува збор за прв долгометражен филм на Манчевски во САД после епизодата на серијата ПРИСЛУШКУВАЧИ (THE WIRE) која тој ја режираше за „Ејч-Би-О“ во 2002 година. По студиите во САД, Манчевски живее во Њујорк од 1985 година, каде е неговото професионално формирање и каде освои награда на музичката телевизија Ем-Ти-Ви за спотот „Тенеси“, потоа прогласен за еден од 100-те најдобри во историјата.

Новиот филм е за Бикини, харизматична, темпераментна и неспокојна поранешна жена-маринец, која се враќа од Ирак и ненамерно станува центар на документарен филм, додека се обидува одново да се интегрира во општеството и да си го поврати старателството врз малата ќерка.

Во насловната улога настапува Кондола Рашад, позната од новата ТВ-серија во САД „Милијарди“ и од бродвејската верзија на Шекспировата „Ромео и Јулија“ со Орландо Блум. Рашад е, инаку, ќерка на позната глумица Фелиша Рашад која се прослави со серијата „Козби шоу“. Другите главни улоги Манчевски им ги додели на актерите во подем Сара Голдберг, Вил Џеновиц и Сатја Сридхаран.

За филмот Манчевски вели:„ Бикини - како и моите досегашни филмови - зборува за природата на вистината, лагата и илузијата. Филмот ќе го има мирисот на Њујорк, се снима на повеќе локации во градот кој ми е втор дом и многу го сакам. Имаме извонредно талентирана екипа - и актерска и филмска. На овој филм се изборив за апсолутна креативна слобода, без мешање од финансиери, продуценти или политичари, со целосна доверба и хармонична соработка. Ова е еден од ретките американски филмови каде што авторот има право на фајнал кат (право на финална верзија) “.

Директор на фотографија е младиот њујоршки „вундеркинд“ Џошуа Вајнстин, а продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Лондон, верниот соработник на Манчевски кој соработува со него на сите негови филмови. Продуценти се Ања Ведел и Мунире Армстронг, а филмот е копродукција меѓу САД, Канада и Германија. „Бикини“ се снима на повеќе локации низ Њујорк, како и во едно бруклинско студио.

„Бикини“ е првиот филм на Манчевски во кој не учествува Македонија.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново