Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Социјалната мрежа “Фејсбук” развива апликација за обработка на слики и видео и нивното споделување, пишува весникот “Волстрит џурнал”.

Според негови извори во проектот учествуваат британски научници. Тие работат на програма за споделување на видео на интернет. Развојот на апликацијата е во почетна фаза, а нема гаранции дека работата на истата ќе биде завршена.

Новата програма не цели да ја замени услугата за споделување на фотографии “Инстаграм”, која “Фејсбук” ја купи во 2012 година за 1 милијарда долари. Дури напротив, идејата е да се зголеми популарноста на услугата. Според податоците на весникот раководството на социјалната мрежа станува загрижено дека корисниците на сајтот за социјално вмрежување стануваат пасивни.

Многумина од нив влегуваат во мрежата секој ден, па дури и неколку пати на ден, но објавуваат ретко. Претставници на компанијата одбија да ги коментираат плановите. Месечната публика на “Фејсбук” достигна 1,6 милијарди корисници од целиот свет.

Извор: Локално.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново