Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Фотографиите од трагичниот крај на слоницата која колабирала и умрела откако била принудена да ги носи туристите кои го разгледувале светското наследство на 40 Целзиусови степени осамнаа на социјалните мрежи и предизвикаа осуди низ светот. Пред да колабира работела 40 минути на високи температури, носејќи двајца туристи до храмот Ангкор ват. По 15 години секојдневна напорна работа, пред неколку дена се срушила мртва.

Фотографиите од трагичниот крај на слоницата, стара помеѓу 40 и 45 години, набрзо се проширија по социјалните мрежи, а борците за права на животните ги повикуваат надлежните да престанат да ги искористуваат слоновите со цел носење на туристите на високи температури.

Оан Кири, директор на „Ангкор елефант компани“ во кое слоницата Самбо работела, рекол:

- Откако нашиот ветеринар ја прегледа, заклучи дека умрела од срцев удар поради исцрпеност, висока температура и недостатокот на ветар - рекол Кири.

Голем број минувачи плачеле кога ја виделе неподвижната слоница.

Повеќе од два милиони туристи секоја година го посетуваат древниот комплекс храмови, а многумина од нив избираат да ги разгледат спомениците и градбите на грбот на азиските слонови.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново