Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Српската манекенка Аника Божиќ, секога кога ќе ја посети родната Србија предизвикува голем интерес кај медиумите, слично како Елена бин Драи и Сандра Мељниченко.

Имено, убавицата сега важи за арапска принцеза и го носи презимето ал Сараж, што дополнително го пробуди интересот кај јавноста, па новинарите посакаа да откријат и некакви детали од нејзиниот живот.

Аника е родена во Сремска Митровица, пораснала во Белград, а потекнува од добростоечко семејство на познат стоматолог. И иако очекувањата биле дека и Аника еден ден ќе облече бел мантил, таа сепак се определила за гламур, сјај и светлата на модните писти.

Таа градела успешна кариера, живеела во Каиро и Лондон, а потоа го запознала арапскиот бизнисмен Јусуф Омар ал Сараж, со кого се венчала во Атина.

- Според традицијата на семејството на мојот сопруг, името секогаш се пренесува од таткото на синот. Па така, мојот син е Омар VI - изјавила Аника во емисијата „Ексклузив“.

Манекенката моментално живее со сопругот и синот во Париз, и не сака да ја нарекуваат принцеза, бидејќи самата смета дека воопшто не е принцеза.

- Мојот сопруг не е арапски принц. Неговиот дедо бил претседател, значи тој бил државник, затоа што Палестина никогаш не била монархија, барем не во блиската историја. Дури ниту официјално не е држава. За жал, мојот сопруг никогаш не живеел таму, така што тој е Канаѓанин, бидејќи таму го минал целиот свој живот - потенцирала Аника, којашто вели дека би сакала трајно да се пресели во Париз и таму да ги расте своите деца.

На прашањето како се снаоѓа со бебето, Аника открива дека има голема помош од својата свекрва, но и од нејзината мајка кога е тука.

- Имам свекрва каква што само може да се посака. Одлично се согласуваме - открива манекенката.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново