Зошто продолжуваат да сакаат да живеат во Чернобил -зона на смртта?
Иако радијацијата таму ја има, стотина лица, од кои повеќето е вратиле веднаш по несреќата
Средната возраст им е 75 години. Во Чернобил забранетата за пристап зона живеат уште стотина лица, од кои повеќето се вратиле малку по несреќата, покрај радијацијата и несогласувањето на украинските власти.
“Не можам да кажам зошто луѓето сакаат да живеат во Чернобил. Што им е целта? Срцето ли ги води? Носталгија? Кој знае? “, вели Евгениј Наркевич, 78-годишен лекар п за Летисија Перон од Франс прес . Но “не сакам да живеам на друго место, освен во Чернобил”, вели тој. Во 1945 година Евгениј бил едвај осум, кога неговото семејство се населило во тогашниот советски град. “Тоа не спаси од глад. Тука можевме да садиме и да ја береме жетвата, за да се прехранат”, вели тој, оправдувајќи ја донекаде приврзаноста кон оваа земја. “Никогаш не сум сакал да си заминам од тука”, додава Евгениј. Во експлозијата на четвртиот реактор на советската централа, се случила за време на тестови на безбедноста на 26 април 1986 година, Евгениј имал час со своите ученици во гимназијата. “Беше сабота , несреќата токму се беше случила и во моментов не знаевме ништо. Се сомневавме дека се случило нешто, бидејќи гледавме автобуси и воени автомобили кои одеа кон Припет “, град со 48 000 жители, вклучувајќи го персоналот на централата, која се наоѓа на три километри од Чернобил.
“Никој не ни кажа ништо. Целосно молчење”, раскажува тој. На крајот Евгениј кој бил евакуиран. Но одеднаш одлучи дека ќе се врати дома.Почнува да ги крои плановите како да се врати во зоната, која во тоа време е блокирана. Конечно се среќава со директорот на службата за набљудување на радијацијата од централата и го моли да го назначи на работа окму таму Евгениј е распореден и од тој момент никогаш не ја напуштил зоната со радиоактивно загадување. Наспроти сите очекувања, никогаш не се разболуваат. Признава дека сади зеленчук во својата градина и го јаде. “Има одредена доза ризик”, вели тој.
Марија Урупа не е толку насмеана. Примитивниот услови на живот во оваа 30-километарска забранета зона околу централата почнуваат да и тежат на оваа жена со над 80 години, особено по несреќата, по која и е тешко да оди. Според информациите на одговорното лице за централата вкупно 158 “Кипери”, како што ги нарекуваат, живеат во оваа зона во куќарка, често направени од дрво. Тие живеат скудно, благодарение на жетвата во својата градина и провизии кои им ги носат вработените во централата и посетители. По потреба одат во соседниот град Иванкив кој е надвор од затворената зона, за да си напазаруват од локалниот пазар. Овие “Кипери” не прифаќаат присилно иселување. Над илјада од нив се сместуваат назад по несреќата во оваа зона, иако е силно загадена и забранета за луѓе. На крајот властите ја прифаќаат идејата.
Но признава дека веќе е тешко да живее сама. Мажот починал во 2011 година На 77-годишна возраст Валентина Кухаренко жали што на нејзиното семејство му е потребно овластување за да биде дозволено да ја посети.И дека нејзините роднини не можат да останат повеќе од три последователни дена. Но оваа стара жена Украинка, во никој случај не жали што се вратила наскоро по несреќата да живее крај Чернобил. “Велат дека нивото на радијацијата е високо. Не знам. Можеби радијацијата влијае некако на новодојденците, на оние кои никогаш не се живееле тука. но од што да се плашиме ние , старите? “, прашува таа. ” Штом излезе од Чернобил, дури и во Иванкив, сè е туѓо. Не сум националистка, но ја сакам многу својата мала татковина “, резимира Кухаренко. Се надева многу дека “еден ден Чернобил ќе го врати животот, дека повторно ќе се слуша детски смеа, дури и да треба да чекаме со години”.
Во 1999 година во забранетата зона е родена малата Марија – првото бебе кое дошло на виделина по 1986 година во овој “мртов” град. Бидејќи е со анемија, нејзиното семејство ја носи од Чернобил година подоцна. Денес таа треба да е на 17 години.Сепак животот се раѓа…
Извор: Локално.мк