Данската кралица облечена во палто со кукасти крстови ја посети Германија
Холандската кралица Максима е позната по својата љубов кон модата. Секогаш е беспрекорно облечена и е миленичка на модните дизајнери. Но, при минатонеделната посета на Германија направила моден и политички гаф. Палтото на кои се зашиени блескавите украси многумина разлути. Трудот на данскиот дизајнер Клаес Иверсен германските таблоиди го нарекоа „скандалозен“, бидејќи украсите на палтото потсетуваат на кукаст крст.
Максима во Нирнберг пристигнала во четвртокот во друштво на сопругот, кралот Вилем Александер па заедно го посетиле новоотворениот медицински центар во градот.
Откако кралицата ја искритикуваа и холандските медиуми принуден беше да се огласи и самиот дизајнер.
– Секако дека не ми беше намерата палтото што го изработив да асоцира на нешто такво. Мојата цел беше од неконвенционален материјал да се создаде интересен геометриски дезен на палтото – рекол дизајнерот за весникот „Де Волксрант“.
Кралската двојка во моментот е Баварија. Минатата недела го отворија музејот Алта Пинакотек во Минхен, оддел во кој се изложени делата на данските уметници. Инаку, иницијалната намера на оваа посета била јакнењето на соработката помеѓу Холандија и Германија.
Поедини корисници на социјалните мрежи ја бранеа кралицата со аргументот дека знакот на палтото повеќе личи на будистички симбол отколку на нацистички. Други пак потсетија дека никој не ја критикувал кога истото тоа палто го носела при посетата на Данска минатата година. „Бранителите“ на кралицата исто така тврдат дека станува збор за симбол кој е дел од холандската историја, и дека може да се пронајде и на југот на Европа.
Кралицата Максима не се огласила за модниот и политички гаф.
Извор: Плусинфо.мк