Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Неодамнешната студија објвена во „Причини за рак и контрола“ (Cancer Causes and Control) утврдила нешто необично. Меѓу американските Амиши речиси воопшто нема случаи на рак и тие се, всушност, најздравите луѓе го Америка.

Научниците од Универзитетот Охајо го истражувале начинот на живот на Амишите за да утврдат како на нивното општо здравје влијае отсуството на конвенционалната медицина. Но, она што го откриле е навистина зачудувачки.

Утврдено е дека Амишите значајно поретко заболуваат од рак, па научниците одлучиле да ги истражат нивните прехранбени и општи животни навики. Освен што јадат здраво и природно, Амишите не пушат, не пијат алкохол и главно не се промискуитетни.

Исто така, многу физички работат, бидејќи главно се занимаваат со земјоделство и градежништво. Научниците веруваат дека токму поради таквиот начин на живот Амишите не заболуваат од рак.

Уште еден значаен факт е и тоа дека Амишите сами ја одгледуваат својата храна применувајќи органски методи на одгледување со што добиваат здраво овошје и зеленчук, млечни производи и месо – главно храна којашто е исклучително ретка во остатокот од Америка.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново