Поради секс-играчка евакуирани 90 луѓе
Колку стравот се вовлекол во Европјаните по терористичките напади во Франција, Турција и Белгија, сведочи и бизарниот случај од Германија кадешто цела улица била евакуирана од една мошне бизарна причина.
Во мирното германско гратче Халберштад во вторникот се случувало она што и обично се случува по големите терористички напади. Луѓето се во паника, па секој оставен ранец, торба или кутија стануваат сомнителни. Или, на пример, мали, вибрирачки работи.
Па така еден вработен во локалната играчница се испаничил откако сфатил дека од корпата за отпадоци во машкиот тоалет доаѓа необичен звук налик на зуење. Пред очите прво му прошле сите оние сцени коишто ги гледал на телевизија во текот на изминатите неколку месеци, а потоа посегнал во џебот, го извадил телефонот, се јавил во полиција и им рекол дека во играчницата има најверојатно бомба, пишува британски „Телеграф“.
За само неколку минути на самото место дошле полицајци, пожарникари, брза помош, како и антитерористичка единица со стручњаци за експлозиви. Тие со полна опрема дошле до спорната корпа за отпадоци, нежно отстраниле се од неа и сфатиле дека на самото дно се наоѓа – вибрирачки прстен за пенис!
Пред да се спроведе големата акција, не само што била евакуирана играчницата, туку и неколку околни згради, а затворени биле и две улица, односно биле евакуирана вкупно 90 луѓе.
Инспекторот Питер Хартман за медиумите изјавил дека граѓаните и понатаму мора да бидат претпазливи, иако на крај се утврдило дека немало никаква опасност, како на пример, во овој случај. Но, имајќи предвид дека некој намерно ја оставил вклучената секс-играчка за да предизвика паника, покрената е истрага за да се утврди кој тоа го направил.
Извор: Плусинфо.мк