„Лобутин“ промовираше чевли за сите бои на кожата
„Лобутин“ промовираше чевли за сите бои на кожата
По обувките во различни тонови на бежова и кафена боја кои на модните писти ги промовираше во 2013 година, дизајнерот Кристијан Лобутин сега ја дополнува колекцијата „Nudes“ така што секоја жена може да најде чевли кои и одговараат на нијансата на нејзиниот тен.
Познато е дека чевлите во бежова боја им даваат најдобар изглед на нозете, а уште ако се погоди нијанса која и прилега на бојата на кожата на сопственичката, нозете може визуелно да се издолжат и да се истенчат.
Со таа намера славниот дизајнер на чевли, ја покрена линијата „Nudes“ во која оваа пролет пристигнаа и рамни чевли, поточно балетанки и тоа за сите типови на кожа.
„Лобутин“ се одлучи за класичен модел со гумичка и дискретна машничка, а како тренди детаљ, на врвот му додал шпиц, кој придонесува чевлите да изгледаат поелегантно.
Балетанките се познати под називот „Соласофиа“ и цената им е 522 евра.Во рекламната кампања, новите рамни чевли на „Лобутин“ ги претставуваат манекенки во балетанки, кои се со исти нијанси како фустаните кои ги носат.
Извор: Плусинфо.мк