Ријека ќе биде европска престолнина на културата за 2020 година
Градот Ријека ќе биде европска престолнина на културатa за 2020 година, е објавено во Музејот Мимара, пренесуваат хрватските медиуми. Веста ја објавил Стив Грин, претседател на стручната комисија на Европската комисија која во изминатите неколку дена во Загреб ги водело последните разговори за претставниците на четирите градови кандидати.
На веста за победата на Ријека најмногу се развеселиле градоначалникот на Ријека, Војко Оберснел и уметничкиот водител на ријечката кандидатура Славен Тољ. Во кратката изјава градоначалникот Оберснел изјавил дека Ријека пред се ќе биде европска претстолнина на културата, на што инсистирало и стручнaта комисија, бидејќи и Грин изјавил дека не ја избирале Хрватската, туку европската престолнина на културата. Тој изјавил и дека Оливер Фрљиќ е дел од најдолга екипа од Ријека за проектот ЕПК и дека се уште ќе се работи и најмногу на сценскиот сегмент на програмата. Тој изјавил дека сега следи и основање на агенција која мора да го подготви градот за големиот целогодишен проект за 2020 година.
Покрај Ријека радовите финалисти за овој избор биле Осијек, Дубровник и Пула.
Извор: Плусинфо.мк