Фејсбук активираше „ Проверка на безбедноста“ за Брисел
Фејсбук ја вклучи својата „Проверка за безбедност“( Safety Check) процедура за Брисел откако вчера во терористички напад беа убиени најмалку 30 луѓе.
Познатата процедура на Фејсбук која се активира за време на големи несреќи или терористички напади им овозможува полесен контакт со познајниците кои се наоѓаат во близина на случубвањата. Процедурата им овозможува преглед на луѓето кои се означени како лица на сигурно место, т.е. означување на оние за кои знаете дека се вон опасност.
Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберк ветил дека процедурата која оригинално е замислена како начин на пронаоѓање на блиските за време на природните катастрофи, ќе биде користена и во време на случувањата кои се предизвикани од човечки фактор.
Процедурата „Проверка на безбедност“ беше активирана во Париз за време на нападите на 13 ноември 2015 година, и за време на нападите во Нигерија и Турција.