Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Еден град во Италија одлучи со проблемот на просјаците да се избори на свој начин - наместо да ги казнува просјаците, властите планираат да воведат парични казни за минувачите кои им даваат пари.

Таа одлука е објавена откако жителите на приморскиот град Бордигера во регионот Лигурија, изнеле жалби дека локалните просјаци не ги оставаат на мир, пренесува „Раша тудеј“.

- Бесмислено е да ги казнувате оние кои не можат или никогаш нема да можат да платат казни - рекол градоначалникот Џакомо Паланка. Тој за локалниот весник „Секоло ХIХ“ рекол дека таа појава мора да се искорени бидејќи, како што истакнал, зад неа често се кријат вистински организации, а најдобар начин тоа да се направи е да се обесхрабрат оние кои на просјаците им даваат пари.

- За секого кој навистина е во тешка материјална состојба, на располање се социјалните служби - додал градоначалникот.

Стивен Барнс од добротворната организација „Проџект Рум“ рекол дека ја поддржува одлуката на градоначалникот на Бордигера.

- Не само што е понижувачки да му фрлите пари на некого на улица, туку далеку подобро е да покажете вистинско сочувство и љубезност - вели Барнс, оценувајќи дека одлуката на градските власти е да ја елиминира опасноста од поддржување на организиран уличен криминал или поттикнување на алкохолизмот и наркоманијата. Во организацијата „Проџект Рум“, Барнс наведува дека нивна цел е на просјаците да им се помогне на други начини.

Подобро е, предлагаат тие, хуманите луѓе - наместо да им фрлат пари - да им купат чорапи, шампон или да им донесат ќесе со производи од супермаркети.

Иако просјачењето и понатаму е легално на национално ниво во Италија, некои тамошни градови имаат сопствени прописи кога станува збор за тоа, па така Венеција во 2008 година забрани просјачење и воведе казни од 25 до 35 евра за оние кои нема да ја почитувааат забраната.

Просјачењето, исто така, е збрането во Шведска и Англија, како и во некои региони во Норвешка и Австрија, додека во Грција се казнува со шест месеци затвор.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново