Принцезата на Данска ги вози децата на училиште
Во февруари, кога зимата е во полн ек, минусните температури се секојдневие и снегот не е најпријатен, принцезата на Данска решила да ги повози своите деца до училиште.
Најверојатно сите очекувавте принцезите да имаат возач и топла лимузина, но Мери одлучила принцот Винсент и принцезата Џозефин малку да ги соочи со реалноста.
До основното училиште во Копенхаген, таа ги возела децата во количка прикачена за велосипедот, а покрај нив возеле и двајца телохранители на велосипеди.Медиумите оценуваат дека на овој начин принцезата Мери не само што се грижи за животната средина, туку и не ги троши парите на даночните обврзници и не се одвојува од обичните граѓани, како што тоа го прават многу други припадници на кралските семејства, кои за вакви случаи користат луксузни возила.
Извор: Локално.мк