На детско игралиште пронајден глушец од еден метар и 11 килограми?!
Во источен Лондон во близина на детско игралиште, инженерот Тони Смит пронашол мртов глушец кој по големината би можел да се спореди со мало дете.
– Ова е најголемиот глушец што сум го видел некогаш. Претпоставувам дека е долг околу еден метар и тежок 11 кг – изјавил Смит.
Смит заедно со колегата Џејмс Грин во жбунот во близина на детското игралиште забележал глодар и го дофатил со долга метална „фаќалка“.
Се претпоставува дека ова суштество се отруло, бидејќи во тој крај неодамна е поставен отров за глувци.
Веднаш по поставувањето на фотографијата на социјалните мрежи се поведе вистинска дебата околу нејзината веродостојност.
По тој повод се огласи и професор Џејн Херст од Универзитетот во Ливерпул кој тврди дека не постои шанса дека глушецот е толку голем, ниту дека некој може животно тешко 11 кг „лесно“ да го држи со помош на метална „фаќалка“.
Извор: Плусинфо.мк