„Дејли мејл“ му извади афера на Новак Ѓоковиќ со индиска актерка
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ британските медиуми го доведоа во љубовна врска со индиската актерка, а тоа беше доволно да почне медиумскиот „линч“ над познатиот тенисер. Откако го гледал натпреварот помеѓу Лејкерси и Орландо, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е фотографиран во друштво на боливудската актерка Депика Падуконе.
Ноле и Депика се дружеле во локалот „Добро момче“ во Лос Анџелес, пишува Дејли мејл“. Папараците ги снимиле тенисериот и актерката како заедно го напуштаат клубот, а британскиот медиум ја искористи ситуацијaта и напиша дека тие се во љубовна врска.
Но, српските медиуми застанаа во одбрана на славниот тенисер па објавија дека тука не станува збор за никаква афера, туку за долгогодишно пријателство. Депика, освен со Новак, е добра пријателка и со неговата сопруга Јелена.
Наводите дека меѓу Новак и Депика има нешто повеќе од пријателство ги налутија неговите многубројни обожаватели, кои на социјалните мрежи го обвинија „Дејли мејл“ за сензационализам и за неинформираност, бидејќи не препознал дека се работи за познатата индиска актерка која е во одлични односи со тенисерот и со неговата сопруга Јелена. Оваа актерка е страсна љубителка на тенис, за што сведочи и тоа што често учествува во егзибиционистичките натпревари. Имала можност да учествува заедно со Новак, Рафаел Надал и со Роџер Федерер.
Извор: Бриф.мк