Поради мобилниот телефон дете си го отсекло прстот
Единаесетгодишно момче од градот Суџоу во Кина се најде во сите светски медиуми, бидејќи направи бизарна и страшна работа. По расправијата со татко му околу мобилниот телефон, тој си го отсече прстот.
На Ксјаопенг (11) му биле преку глава кавгите со родителите кои му зборувале да прекине со претераното користење на мобилниот телефон, па во знак на протест и бес одлучил да си го отсече прстот.
Мајката на Ксјаопенг се пожалила во саботата на својот сопруг дека нивниот син не го испушта од раце мобилниот телефон и дека така дава лош пример на нивниот помал, шестгодишен син.
Таткото потоа разговарал со Ксјаопенг, а тоа прераснало во жестока кавга, па момчето во момент на својот бес го зграпчил ножот и со едноставен потег го отсекол својот лев показалец.
Родителите на момчето биле шокирани, па брзо го однеле синот со отсечениот прст во болницата, каде во тричасовната операција успеале да му го пришијат прстот.
Меѓутоа, дури за една недела ќе се знае дали зафатот бил успешен.
Извор: Плусинфо.мк