Зошто пасошите се прават само во четири бои?
Пасошот е клучот за влез во друга земја, а веројатно сте забележале дека тие се изработуваат само во неколку бои.
– Генерално, доаѓаат во црвена, сина, зелена и црна боја, што се сметаат за стандардни за овој вид исправи. Иако со правилата се ограничени на овие четири бои, можно е да се изработат и во нивните различни нијанси – изјави Хрант Богосиан, потпретседател на маркетингот на интерактивната база за пасоши „Пас“. Тој открива дека постојат бројни причини заради кои земјите се одлучуваат за одредена боја, а обично тоа се географски и политички мотиви.
– Членките на Европската унија ја користат темноцрвената, додека државите од Кариком ги користат сините пасоши – вели овој стручњак. Кариком претставува организација од 15 карипски народи кои се здружиле заради екононска интеграција и соработка.
Некои сметаат дека бордото е дел од комунистичкото минато, а дека сините пасоши се симбол на „новиот свет“ – Северна и Јужна Америка, Океанија… Кај некои земји улога во изборот на бојата игра и верата, па така бројни исламски земји користат зелени пасоши заради важноста на таа боја во нивната религија. Се верува дека зелената била омилена боја на пророкот Мухамед, а покрај тоа е и симбол на природата и животот.
Останатите нации бојата ја избираат според индивидуалниот карактер и идентитет.
– Швајцарските пасоши се со интензивна црвена боја, додека пасошот на Турција е променет во бордо во надеж дека земјата ќе влезе во Европската унија – рекол Богосијан.
Американците досега испробале различни бои на своите пасоши, од црвена, преку зелена, до сегашната сина.
Сепак, изработката на пасош, а самото тоа и бојата, често пати ја диктира праксата, односно често пати се прават онакви какви се на располагање во одредена земја.
– Производството на пасоши е многу добро контролиран процес, а го изведуваат само неколку компании во светот – вели овој стручњак.