Невозможните убавини на Прованса
Без разлика дали сте делод џет-сетот или сте само туристи кои сакате да ја посетите Франција и да уживате во нејзините убавини, да посетите дел нод многубројните знаменитости на Франција и да дегустирате некое од француските вина,да ги посетите убавите француски села, не треба да ја пропуштите можноста да го посетите Прованс, кој овозможува максимално да се релаксирате, да уживате во уметноста, луксузот.
За најатрактивна туристичка дестинација важи Брегот на Слоновата коска, попознат уште како француска ривиера, каде медитеранската клима се чуствува преку целата година. Популарните градови кои мора да ги посетите се Ница, Монако, Сен Тропе и секако Кан- градот на најпознатиот филмски фестивал.
Но, сепак Прованса е многу поубава од Брегот на Слоновата коска. Сместена е на југоисточниот дел на Франција, која лежи на Средоземно море и се граничи со Италија. Своето име Прованса, го добила бидејќи тоа била првата римска провинција надвор од Италија.
Посетете го местото каде е роден Нострадамус во Сент Реми, уживајте во магичните улици на Мароко, ако сте љубители на парфеми задолжително е да ја посетите фабриката Фрагонард во Грас, шармантно градче кое се наоѓа на 40км возење од Кан.
Изграден е на стрмните карпи на Прованса, доколку го посетите и ако сте љубители на пешачењето тоа може да го направите по тесните улички , вистински да уживате во пешачењето.Градот Грас од 18 век е познат како град кој е главен производител на парфеми. Масивот Луберон, секоја наредна сезона плени со неговите разновидни и живописни бои, ,оже да се видат цветови од бадем, црвени булки, есенски лисја и многу повеќе од тоа. Во јули, доминираат мирисните лавандни полиња и преовладуваат прекрасните пејсажи од истите, додека полињата на манастирите Sénanque, вреди да се посетат.
Од виолтовата боја, прекрасниот мирис буквално ќе се чуствувате прекрасно и опуштено.
Не пропуштајте да ја посетите палатата Палеш во Авињон , најголемата тврдина изградена во Авињон за време на Авињонското ропство во 14 век.
Аиксен е град во јужниот дел на Франција, на околу 30 км одалечено од Марсеј. Во 1409 година станал универзитетски центар во времето на кралот Рене. Тоа е родноо место на Пол Сезен, а тука живеел и познатиот Емил Зола. Исто така има голем број термални бањи, како и тековните спа-центри, изградени се во 1705 година на местата на античките бањи.Сен- Реми е град кој е сместен во североисточниот дел на Франција, во регионот Шампањ-Арден. Ако не сте знаеле и Ван Гог има поминато дел од својот живот во оваа област.
На 25км се наоѓа провинција Боде, со бескрајни маслинови полиња, уметничко место за создавање прекрасни уметнички фотографии.
Извор: Runway.mk