Опасен вирус изнудува пари од корисниците
Компјутерите на „Епл“ досега главно беа отпорни на вируси и слични проблеми, но овој викенд е забележан првиот напад на „Рансомвер“ врз „Мек“ уред.
„Рансомвер“ е способен да „заклуча“ одредени податоци на компјутерот и потоа од корисникот бара да уплати одредена сума со цел повторно да му биде овозможен пристап до нив.
Ова е првпат хакерите да успеат да упаднат во компјутери на „Епл“, јави „Гардијан“.
„КиРенџер рансомвер“ се инсталира на компјутерите по пат на „Трансмишн Бит Торент“ клиент кој содржи опасна датотека.
Хакерите бараат исплата од 400 долари во „биткоин“ валути, што значително го отежнува нивното наоѓање.
Хакерите со помош на „Рансомвер“ годишно заработуваат по стотина милиони долари, и тоа од корисниците на „Виндоус“, но игледа дека и корисниците на „Епл“ повеќе не можат да бидат сигурни.
Извор: Плусинфо.мк