Запечатено со љубов: Тетоважи наместо венчални прстени
Кога Бехати Принсло за прв пат ја откри својата тетоважа по повод свршувачката, три мали точки, наредени вертикално на свршеничкиот прст сигурно изненади доста луѓе.
Таа призна дека ги остава дијамантите настрана и се запира на алтернативна опција, во кој двајцата со нејзиниот вереник Адам Лавињ, се тетовирани во името на љубовта.
Излегува дека идејата не само што се прифати прилично добро, но и многу парови зедоа пример од славното семејство.
Сличен акт се донесува како симбол на упорност и нераскинлива врска меѓу маж и жена.
Се разбира, тетоважите кои ги заменуваат бурмите варираат според различните интереси на секој пар и поминуваат низ различни знаци, геометриски форми до “класичното” тетовирањето на алка.
Често е прикажувањето на различни модели кои претставуваат своевиден симбол за двојката или дури тајна порака.
Едно е сигурно – резултатите можат да бидат навистина убави и да ја илустрираат силната, непоколеблива љубов, која буквално е за цел живот.
Извор: Локално.мк