Бизарна мутација: Во Камбоџа родена свиња која изгледа како слон
Објавено на 2 март, 2016 во 09:19
Родена е свиња која изгледа како слон, во западна Камбоџа во местото Прамаој. Таа има розева кожа, сурва и големи уши како на слон.
Ова животно е слабо, има проблеми со должина на нозете и не може да ги отвори очите поради сериозни физички деформации. Причината за оваа мутација не е позната.
Слична свиња се родила и во Кина во 2014 година, но живеела само два часа бидејќи немала уста. И таа свиња изгледала како слон, а нејзиниот сопственик одлучил да ја замрзне кога пцовисала за да докаже дека животното навистина постоело. Свињата е родена покрај седум останати свињи кои биел целосно здрави.
Извор: Плусинфо.мк