Французин за 240 илјади фунти го купил прстенот на Јованка Орлеанка
Прстенот за кој се верува дека и припаѓал на француската хероина Јованка Орлеанка бил продаден за неверојатни 240.000 фунти на купувач од Франција чие име не се открива, од страна на една аукциска куќа во Лондон пренесува „Дејли меил“.
Како што пренесуваат медиумите, француската влада првично имала намера да го купи овој уникатен накит, кој бил ставен на продажба од Роберт Хасон, чиј татко Џејмс бил доктор на Шарл де Гол во Втората Светска Војна
Портпаролот на аукциската куќа „Тајмлајн аукшнс“, при продажбата на прстенот изјавил дека „Прстенот конечно се враќа во Франција“.
Покрај прстенот била продадена и стара кутија од храст како и документи кои ја потврдуваат неговата автентичност. Прстенот кој потекнува од 15 век се поклопува со описот, кој бил пронајден во ракописите според кажувањето на самата Јованка Орлеанка во текот на нејзиното судење.
Таа кажала дека на прстенот, кој го добила ос своите родители е напишано „Исус Марија“, и дека има три крста, и е направен или од злато или од месинг. На судењето Орлеанка тврдела дека тој прстен бил на нејзината рака кога ја допрела Света Катерина, која и се јавила во визија. Таа тврдела дека во визијата и било кажано да го подржи Шарл Седми и да ја поврати Франција од англиската доминација во текот на стогодишната војна.
Во мај 1430 година, таа била заробена од бургундиската фракција која склопила сојуз со Англичаните. На судењето кое го организирале Англичаните во Руан, била обвинета дека е лажен пророк, вештерка и еретик. Таа е осудена на спалување на клада, а подоцна судската одлука е поништена, а Јованка Орлеанка е канонизирана. Орлеанка е спалена на 30 мај 1431 година.
Извор: Локално.мк