Леонардо Дикаприо конечно се закити со Оскар-шеста среќа!
Љубителите на филмот и обожавателите на холивудскиот заводник можат конечно да здивнат. Леонардо Дикаприо го доби Оскарот за најдобра машка улога во филмот „Повратникот“. Лео ги победи Мајкл Фасбендер, Еди Редмејн, Брајан Кренстон и Мет Дејмон и првпат во кариерата се закити со престижната награда! Еден од најдобрите актери на денешницата длабоко им се заблагодари на режисерот Ињариту и на колегата Том Харди, како и на режисерот Мартин Скорсезе за сè што го научил. „Повратникот“ на Алехандро Гонзалес Ињариту му донесе Оскар за режија, но не и за најдобар филм. Таа титула ѝ припадна на драмата на Том Мекартни, „Под лупа“ (Spotlight). На мексиканскиот режисер Ињариту тоа му е четврти Оскар во кариерата. Оскар за најдобро адаптирано сценарио го освоија Чарлс Рендолф и Адам Мекеј за остварувањето „Обложување на столетието“.
– Лео ти благодарам. Ти си повратник – му рече Ињариту на Дикаприо.
Бри Ларсон, наградена за главна актерка, благодарение на улогата на мајка која во заробеништво одгледува петгодишен син во еден од најемотивно номинираните филмови, „Соба“, заслужено триумфираше, како и нејзината колешка од Шведска Алисја Викандер која се закити со Оскар за споредна улога во филмот „Девојката од Данска“. Бри Ларсон ги победи Шарлота Ремплинг, Џенифер Лоренс, Кејт Бланшет и Сорис Ронан.
Еден од најемотивните моменти, беше првиот триумф на италијанскиот композитор Енио Мориконе (87) на оскарите. Тој е награден за музика од филмот „Подмолни осум“ на Квентин Тарантино и ѝ се забалгодари на публиката на мајчин јазик, во солзи.
Солзи потекоа меѓу присутните во текот на емотивниот настап на Леди Гага, која и самата жртва на сексуален напад, ја пееше нумерата за силувана девојка „Till It Happens To You“. Американскиот потпретседател Џо Бајден ја најави пејачката на сцена. Леди Гага Иако се очекуваше дека авторките на песната, Гага и Даен Ворен, ќе земат Оскар, тој отиде во рацете на Сем Смит за песната „Writing’s On The Wall“ од филмот „Спектра“, чиј филм за Џемс Бонд вторпат по ред триумфираше во оваа категорија.
Крис Рок го исполни очекувањето во улогата на духовит и „без влакна на јазикот“ домаќин, зборувајќи за најголемата контроверзија којашто ги следеше овогодинашните оскари – отсуството на црномурести номинирани актери и режисери. Крис Рок ја отвори церемонијата на 88-мото доделување на престижниот Оскар, преминувајќи веднаш на почетокот на полемиката за недостатоког за расната и етничката разновидност во Холивуд.
– Добре дојдовте на оскарите, поинаку познати како Избори за беци. Да ги номинираа и домаќините, сега повторно би го гледале Нил Патрик Харис (минатогодишниот водител на оскарите) – го почна Крис Рок својот уводен говор во кој јасно стави до знаење дека контроверзијата ја сфатил многу сериозно и дека сето тоа е по малку бесмислено. Рок не ја штедеше ниту брачната двојка Вил и Џејда Смит, според некои неправедното изоставуање на Вил од номинацијата за Оскар и неговата сопруга која прва јавно рече дека ќе ги бојкотира оскарите.
– Можеби не е праведно што Вил е изоставен оваа година, но не беше фер ниту што доби 20 милиони долари за „Дивиот, дивиот запад“. А, што се однесува до Џејда, тоа како да сум ги бојкотирал гаќите на Ријана, забава на која никој не ме ниту поканил – рече Рок.
Единствениот пат кога на публиката ѝ застана коска во грлото беше „шегата“ во сегментот „Ин мемориам“, кога рече да ги пушти сите црномурести убиени на патот до киносалите во изминатата година. Комичарот внимателно балансираше помеѓу гневот и хуморот, а најсериозното го остави за крај: „Сакаме еднаква шанса, сакаме црномурестите актери да го добијат истиот третмна и тоа не само еднаш – Лео секоја година има некоја добра улога!“
Холивудската легенда Силвестер Сталоне сепак не успеа да се закити со Оскар. Наместо него, за најдобра споредна машка улога статуетката ја однесе Марк Рајланс за улогата на советскиот таен агент во филмот „Мост на шпиони“. Три оскари по ред за „Лудиот Макс“! И тоа во категориите костимографија, продукциски дизајн и за шминка и фризура.
Оскар за најдобар филм надвор од англиско говорно подрачје доби унгарското остварување „Синот на Сало“
Извор: Плусинфо.мк