Бомбај забрани селфиња
Индија е земја со најмногу луѓе умреле додека прават слики од себе. Бомбај ги забрани селфињата во 16 различни области на градот, откако смртните случаи поради манијата почнаа да се зголемуваат драматично. Големите индиски градови се полни со луѓе со испружени раце, кои се насмевнати на телефон.
премиерот Нарендра Мода си објавува селфиња со различни светски лидери, пишува “Индипендент”. Но тајмерот на мобилниот може да има погубни последици. Индија е земја каде најмногу луѓе умреле додека прават слики од себе со 19 од вкупно 49 смртни случаи во светот. Статистиката може да се оправда и делумно поради огромниот износ на Индија -1,25 милијарди државјани и еден од најбрзо растечките пазари на смартфони. Но сега властите во Бомбај ги повикаа граѓаните и туристите да не преземаат непотребни ризици и ги забранија селфињата во опасните области.
Претходно овој месец 18-годишен ученик загуби рамнотежа и падна од карпа, додека се обидуваше да си направи слика. Тој падна во водата на браната и се удави заедно со негов соученик, кој скокна, за да се обиде да го спаси. Минатиот месец 18-годишно девојче падна од познатата туристичка атракција – “Bandstand Fort” И во јануари 2014 година, тројца ученици на возраст од 20 до 22 години загинаа, откако се обидоа да направат слика пред брзо приближување на воз. Веќе сликите на опасни зони без огради и крајбрежни места ќе бидат забранети, а прекршителите ќе се казнуваат и со парична казна.
Извор: Локално.мк