Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Огромен метеор паднал во Аталантскиот океан оваа недела и ослободил големо количесто енергија, како вистинска атомска бомба, но тоа случување речиси никој не го забележал, јавуваат светските медиуми.

Метеорит влетал во атмосферата околу 900 километри од брегот на Бразил, експлодирал во воздухот и како запалена топка паднал во океанот.

Наспроти силната експлозија, научниците велат дека овој удар сепак не бил опасен.

- Доколку метеорот паднал во населено подрачје, веројатно би ги искршил прозорците и би уплашил многу луѓе, но мислам дека не би причинил сериозна штета - вели Фил Плејт, истражувач во НАСА кој го испитувал овој случај.

Слични удари се случиле и пред неколку години, како експлозијата над Челјабинск во февруари 2013, кога биле повредени 1.600 луѓе. Во текот на таа година многу мали удари поминале речиси незабележано.

НАСА ги следи потенцијално опасните објектив во вселената, но некогаш и да ги пропушти. Таков бил случајот и со астероидот кој е детектиран во последен момент, кога веќе бил во близина на нашата планета.

 

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново