Измерена рекордно висока температура на Антартикот
На Антарктикот за прв пат беше регистрирана рекордна температура на воздухот од 17,8 степени, соопшти чешкиот научник Кими Ласка.
“Овој факт ги потврдува напорите во процесот на глобалното затоплување, што ја опфаќа целата планета”, вели научникот. “Рекордот беше регистриран и на 23 март минатата година на автоматската метеоролошка мерна станица, од која податоци научниците земаат еднаш во годината. “Со оваа вест чешката научна експедиција се врати од Антарктикот минатата недела”, изјави Ласка.
Точноста на измерената температура треба да биде потврдена од посебна комисија. Мерната станица е поставена на надморска височина од 500 метри на еден од глечерите на островот Џејмс Рос на Антарктикот. Се очекува просечните температури на Земјата да се зголемат со 2 степени Целзиусови – праг, кој според повеќето научници, ако биде поминат, ќе има катастрофални последици.
Поради топењето на глечерите и ледените покривки во Гренланд и Антарктикот морското ниво може да се зголеми за цели 25 метри., А поплавите во градовите на брегот би принудиле близу 1,3 милијарди лица на глобално ниво (19% од светската популација) да го сменат своето место на живеење.
Извор: Локално.мк