Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

По низата слични профили, на Инстаграм се појави уште еден кој открива како живеат децата на руските олигарси, па затоа не е тешко да се сфати зошто тој набрзо стана интернет сензација.

Младите Руси, на кои богатите родители им ги наполниле банкарските сметки, уживаат во луксуз, а овој профил тоа редовно го документира.

На профилот можат да се видат младите богати Руси опкружени со луксузни автомобили, приватни авиони, скапи јахти и светски познати личности.

Иако тие ги објавиле фотографиите со цел да се пофалат со своето богатство, овој профил се подбива со нив.

Како што може да се претпостави, „богатите руски деца на Инстаграм“ е инспирирано од западната верзија на „богатите деца на Инстаграм“, а фотографиите за расфрлање со парите се многу слични.

Синовите на руските олигарси се фалат со своите возни паркови и часовници, а ќерките сакаат да го покажат своето тело крај базен или на песочните плажи на егзотични дестинации.

Иако се потсмева на социјалната неправда, авторот на овој профил тврди дека не ги мрази младите богаташи.

Извор: Локално.мк

 

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново