Рекорд :18.300 луѓе сакаат да бидат астронаути во НАСА
Објавено на 22 февруари, 2016 во 09:09
Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека примила рекорден број на пријави за следната класа на астронаути – околу 18.300 пријави.
Бројот на пријави е значително поголем од претходниот рекорд од 8.000 луѓе колку што биле пријавени за првата класа на астронаути за спејс шатлови 1978.
Шансите да се влезе во американската вселенска агенција на овој начин се исклучително мали бидејќи НАСА ќе избере само 14 кандидати.
Како и во класата во 2013 година, кога имало осум примени кандидати, идните астронаути ќе имаат обука за летови до меѓунардоната вселенска станица во летала кои ги развиваат компаниите „Спејсекс“ и „Боинг“, како и леталата НАСА Орион која е наменета за истражување на вселената.
Извор: Плусинфо.мк