Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Предмети кои се користеле за време на снимањето на новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд “007: Spectre беа продадени на добротворна аукција во Лондон за 4 милиони долари.

Аукцијата беше организирана од аукциската куќа “Кристи”. Понудени беа вкупно 10 уникатни предмети. Најголем интерес меѓу колекционерите предизвика возилото Aston Martin DB10 од серијата развиена специјално за филмовите за Џејмс Бонд. Проценетата цена беше меѓу 1,4 и 2,1 милиони долари, но беше продаден за 3,4 милиони долари.

Другиот предмет, кон кој исто така беше покажан голем интерес, беше костумот кој Џејмс Бонд го носеше на Денот на мртвите во Мексико Сити, во почетните сцени од филмот. Комплетот од палто, маска, капата и ракавиците беше продаден за 140 000 долари, иако очекувањата беа за максимум 25 000 долари.

Вниманието на колекционерите го привлече и часовникот на газдата на MI6 Герет Мелори и златниот прстен на лидерот на организацијата “Спектар” Франц Оберхаузер кои беа продадени неколку пати поскапо од прелиминарната оценка. Сите приходи од аукцијата ќе одат водобротворни и општествени организации, вклучувајќи ги и “Лекари без граници”, агенцијата на ОН за деминирање (UNMAS) и неколку други.

Извор: Локално.мк

 

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново