„Златна бубамара“ по 19 пат во арената Метрополис
Деветнаесетото издание на „Златна бубамара на популарноста“ се одржа синоќа во арената „Метрополис“ во Скопје. Домаќин на манифестацијата и годинава, по десетти пат беше актерот Сашко Коцев. Наградата за животно дело му припадна на дуетот Селимова-Желчевски. Тања Кочовска беше прогласена за актерка на годината, а битолчанецот Петар Мирчевски за актер на годината.
ДНК ја доби наградата за група на годината, додека наградата за пејачка на годината отиде во рацете на Тамара Тодевска. Таа годинава се закити со уште две Златни бубамари за албум на годината и концерт на годината.
Популарните Фрајли се најпопуларна балканска вокална група , а легендарните Ван Гог беа наградени за трајни музички вредности.
ТВ Магазинот „Во недела попладне“ е најуспешната емисија за минатата година а наградата ја подигнаа Ненад, Марјана и Златко.
Игор Џамбазов ја доби наградата „Златна бубамара за трајни вредности.
Снимката од вчерашната манифестација ќе се емитува во недела, 21 февруари, со почеток од 20 часот на Канал.