Што ќе ја спречи јавноста за да се создадат „дизајнерски бебиња“
Лондон овозможи за првпат извршување на генетска модификација на човечки ембриони. Што ќе се случува понатаму? Сакаме ли воопшто човечкиот генетски материјал да падне во рацете на генетскиот инженери?- анализира DW.
Сосема свесно и целосно очекувано пред очите ни беше укината една табу. Не за првпат науката го турка општеството кон одредени случувања. За жал, сепак со научен развој не секогаш се оди напред, предводена од чистиот, идеалистички порив за нови знаења, токму како и не сите научници се водени само од грижата за општото добро. Доста ефикасни стимуланси се наоѓаат на пример во амбицијата, конкурентното размислување, бизнис интересот. Значи многумина постапуваат по следново правило: “Откако нешто е можно, зошто да не го правиме – пред некој друг да помине е понапред?”.
Во вакви услови е речиси невозможно да се води јавна дискусија за придобивките и ризиците од некои нови методи, да се дискутираат трезвено последиците и да се изработат обврзувачки меѓународни стандарди. Тоа се покажа особено тешко, кога ќе се појави некој нов инструмент, кој може да се користи од страна на научниците. Во дозволената во Англија модификација на човечки ембриони се користи развиениот неодамна метод Crispr / Cas9 за генетско уредување. Откритието на оваа нова “ножица за гени” пред три години предизвика вистински земјотрес во биологијата, чии потреси и денес продолжуваат да се чувствуваат во општеството: наследната информации на живите клетки може да се менува на секој начин и тоа брзо, крајно прецизно и веќе поевтино! Ова го прави предметниот метод интересен и за мали лаборатории со ограничен буџет, а што е уште поопасно: и за големи лаборатории во земји со ниски етички стандарди.
Што не чека?
Во април минатата година се појави сензационалната вест дека Јужно Кинески тим од научници за прв пат презел интервенција во генетскиот код на човечки ембриони. А од септември наваму во пекиншкиот Институт за геномот се продаваат генетски модифицирани свињи: големината на неприкладните животинчиња е едвај една третина од оној на нормалните фаци, а бојата им е изменета според желбата на соодветниот клиент. На кратко: биологијата станува постепено од науката за животот во инженеринг наука.
Големо прашање гласи: до кои сфери сакаме да ја дозволиме оваа нова инженеринг науката? Зарем и до самите нас – до луѓето? Уште пред да биде даден одговор на ова прашање, Велика Британија отпочнала постапка. И во минатото Британците постапувале на сличен начин: пред 20 години во една шкотска лабораторија беше создадена клонираната овца Доли. Точно, истражувачот Кети Ниакан од институтот “Френсис Крик” во Лондон нема намера да создава “дизајнерски бебиња”. Таа сака да истражува фундаментални научни прашања. Само што често по истражувањето на фундаментални прашања се стигнува и до студии поврзани со практичната примена на овие откритија. А пофалби на дел од научниот свет покажуваат дека не очекува нов бран на слични истражувања. Неслучајно се зборува за значителемн “прв чекор”. Човек се прашува која ли ќе е втората?
Еден од колегите на Ниакан од лондонскиот институт смета дека сегашното дозвола ќе ги охрабри и другите научници да преземат генски модификации на човечки ембриони.
Крајно време е за дебати на оваа тема!
Уште во летото минатата година водечките германски научници во областа на генетиката се изјаснија јасно против експериментирање врз човечки ембриони. Тие дури побараа мораториум против генетскиот инженеринг на човечки ембриони. Одржаниот на крајот на 2015 во Вашингтон “самит за прашањата на генетскиот инженеринг”, свикан од Академијата на науките на САД, Англија и Кина стигна сепак до сосема друг резултат. Таму ги најавија фундаменталните истражувања на човечкиот геном во епрувета како за ручек.
Крајно време е јавноста да каже своето мислење. И тоа пред науката да не постави пред нови свршен чин – на пример пред да успее да создаде генетски оптимиран човек.