Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Научниците велат дека токму денеска луѓето се чувствуваат најосамени, финансиска состојба не е баш најдобра по новогодишните празници, а одлуката за новогодишната диета и држењето до зацртаниот режим на исхрана не одат по планот.

Исто така, студеното време многумина држат затворени во четирите ѕида, новогодишната магија помина, а летото изгледа далеку.

Овој ден во 2005 година го утврдил академикот Клиф Арнели, земајќи го предвид мнозинството фактори кои би можеле да не депримираат , како што што се состојбата на банковната сметка, времето, стапката на развод и слично, пишува хрватски Индекс..

Оттогаш истражувачите следеле милиони објави на Твитер и откриле дека на овој ден бројот на негативните коментари се зголемува за дури пет пати.

Јануари исто така е традиционалното време за разводи.

– Првиот понеделник кога децата се враќаат на училиште инаку е денот кога луѓето најчесто бараат развод на бракот. Најчесто тоа го одложуваат поради Божикните и новогодишните празници, а на почетокот на јануари  се во метеж бидејќи се оптоварени со реализација на новогодишните одлуки, појаснува адвокатот Варнер Гудмен.

 

 

SEMM baner MK

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново