Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Судбината на околу 200 000 вредни предмети и подароци за југословенскиот водач во вредност од десетици милиони долари треба да се реши до крајот на јануари.

Наследството на Јосип Броз Тито – симбол и неприкосновениот лидер на поранешната комунистичка Југославија – продолжува 35 година по неговата смрт да е во центарот на неискрената  правна студија на случај, за што плаќаат неговите наследници. Но сè има крај за тој кој  умее да чека, пишува АФП.

Се очекува белградскиот суд, кој се занимава со случајот, да донесе одлука во крајот на јануари за големината на ова наследство и за начинот на кој  треба да бидат поделени меѓу наследниците предметите и личните предмети, главно ловечки пушки, слики, униформи и дури камен од месечината , подарен од покојниот американски претседател Ричард Никсон.

За време на неговото владеење од крајот на Втората светска војна до 1980 година Тито и неговата сопруга Јованка се радуваа на животен стандард, на кој му завидува и холивудската ѕвезда Ричард Бартон за време на гостувањето во 1971 година “Луксузот, во кој живеат, е неспоредлив , разбирам што сака да каже (британската) принцеза Маргарет, истакнувајќи дека споредбата со тоа кралскиот дворец (Бкингам ) е повеќе налик за средна класа “, напишал актерот во својот дневник.

Наследството на Тито – близу 200 000 предмети според неговото семејство во вредност од десетици милиони долари, сепак останува сива зона. Во 1985 година беше донесен закон, во кој се наведува дека сè што е во посед  за покојниот водач, е во сопственост на државата.

Законот – подоцна беше оспорен од вдовицата на Тито, Јованка Броз  и конечно беше откажан . Таа почина во 2013 година, без да го дочека крајот на постапката за наследството на својот сопруг. Нема ниту еден пишан документ, наведуваат дека наследството треба да биде поделено, и нема да дознаеме ништо пред судот да пресуди, вели внуката на Тито Светлана Броз. Исчезнувањето на Титова Југославија како  резултат на серија крвави војни во 90-тите години на минатиот век, не даде поттик на случајот, а и самите наследници помогнаа тогаш уште повеќе да се заплетка, упатувајќи обвинувања за големи кражби.

Часовници на чудесната вредност, автомобили, оружје и други богатства исчезнаа – напиша во неговите мемоари Тома Фила, адвокатот на Јованка Броз.Тито – херојот на комунистичкиот отпор против нацистичкиот окупатор, лидер кој му се противеше на Сталин, и основач на Движењето на неврзаните, не поседуваше резиденција. Тој живееше во многу резиденции, расфрлани низ целата земја, но тие беа во сопственост на државата. Повеќето од 70 000 предметот се чуваат во магацин на Музејот на југословенската историја, лоциран веднаш до мавзолејот каде што се закопани Тито и неговата сопруга во Белград. Костуми и маршалски униформи на Тито се спуштаат на закачалки од таванот, цели полици се полни со предмети, слики, часовници, макети на авиони и бродови, статуетки, од кои една подарена од Сталин малку пред јазот меѓу СССР и Југославија во 1948 година.

Вниманието привлекува импресивна колекција од ловечки пушки – Тито беше страстен ловец – и озлогласениот месечев  камен – подарок од претседателот Никсон, предаден на југословенскиот лидер од астронаутот Нил Армстронг за време на неговата посета во 1969 година Дилема нема – сите овие објекти се во сопственост на државата согласно законот. Постапката за неговото наследство е поврзана со личните предмети – прашање сложен и деликатна, забележува Момо Цвијович, вработен во музејот. Тој споменува  и златна цигара, подарено на Тито од грчкиот крал Павле или од царот на Етиопија Хајле Селасие. Цвијович, кој работи во музејот од 1978 година, ги отфрла обвинувањата за кражба, главно оние од семејството дека две-третини од околу 3.000 слики, книги и збирки марки се исчезнати.

За некои од наследниците – еден од двајцата синови на Тито, кој уште е жив – Мишо Броз, како и за шесте внуци , надежта е да добијат нешто за спомен од истакнатиот си пра дедо.

Би сакал да ја имам неговата лична карта пред Втората светска војна и можеби двоглед кој носел кога ја  командувал армијата,која му  нанела пораз на Хитлер и на домашните предавници, вели Светлана Броз. Јошка Броз и сестра му Златица – внуци на шефот – се надеваат дека ќе добијат некоја од униформите макар да  биле и само копии од Орден со кои Тито бил награден. Но, по долго чекање веќе  сите се помирни. Денес Јошка прецизира дека ќе е среќен да има каков и да е спомен од него.

Извор: Локално

 

 

SEMM baner MK

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината).

            Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците  за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.

 

 

 

                                                                   ОПШТИНА ВЕЛ

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор

за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • сончевиот термален колектор да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со претходната година пред објавување на јавниот повик.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.

Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.

Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.

 

 

 

                                                                    ОПШТИНА ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново