Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Откако во минатото коло на американската лотарија „Пауербол“ никој не успеал да ја погоди вистинската комбинација на броеви за главната добивка од 500 милиони долари, џекпотот пораснал на дури 675 милиони долари, што е нависока сума во историјата на американската лотарија.

Од „Американската лотарија“ соопштиле дека за следното коло се продадени дури 300 милиони ливчиња.

- Тоа е десетпати повеќе од тоа што просечно го продаваме. Уверени сме дека џекпотот овојпат ќе биде освоен, со оглед на големиот број на играчи кои учествуваат во неговото извлекување. Ова е најголемата добивка на сите времиња во светот - изјавила Кели Крип , портпарол на „Американската лотарија“.

Претходната рекордна добивка на „Пауербол лотаријата“ од 656 милиони долари на 30 март 2012 ја поделиле три добитници.

Глорија Мекензи од Флорида може да се пофали со најголема самостојна добивка од 590,5 милиони долари која ја освоила на 18 мај 2013 година.

„Пауербол“ е најпопуларната наградна игра на оваа комапнија. Се игра двапати во неделета во среда и во сабота, а доколку никој не ја погоди вистинската комбинација на броевите, главната награда се зголемува. Лотаријата се игра во 44 држави во САД, Порторико и Американските девствени острови.

„Си-ен-ен“ пренесува дека џекпотот последен пат е извлечен на 7 ноември 2015 година, што е 17 извлекување без победник.

Извор: Плусинфо.мк

 

 

 

SEMM baner MK

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново