Лидерот на граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ им подлегна на повредите откако е ранет во пукање што се случи утрово во Косовска Митровица, пренесоа српските медиуми.

Француската компанија „Лакталис“ ќе го повлече млекото за бебиња произведено во фабриката во градот Краон, откако десетици бебиња заболеа од бактеријата салмонела. Досега се утврдени 35 вакви случаи во Франција, едно во Шпанија, а има еден сомнителен случај и во Грција, но допрва треба да се утврди дали бебето се разболело од млекото на „Лакталис“ произведено во Краон.

Израел одобри планови за изградба на повеќе од 1.100 нови домови за доселеници на Западниот Брег - палестинска територија, окупирана од израелската армија. Ова денеска го соопшти организацијата „Мир сега", која се бори против колонизацијата.

Дали црквата чекори заедно со Златна зора? Ако не, пак, црквата да ни каже за кое име да преговараме со Скопје. Црквата се меша во дипломатски прашања, а не сака државата да се меша во црковните случаи. Ова се дел од прашањата и дилемите на извори од грчкото МНР, според „Катимерини“, по одлуката на Светиот синод на Грчката православна црква, дека не го прифаќаат ниту терминот Македонија ниту било кој друг изведен збор во името на нашата земја.

Најголемиот германски аеродром во Франкурт денеска откажа 170 летови поради снежно невреме.

Западните делови на Германија од вчера попладне се зафатени од обилни снежни врнежи, кои предизвикаа проблеми во патниот и воздушниот сообраќај.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново