Легендарниот гитарист на „Рибља чорба“, Миша Алексиќ почина од Ковид-19
29.11.2020
Гитаристот на рок групата „Рибља чорба“, композитор, еден од основачите и активен член на групата се до неговата смрт, Мирослав Миша Алексиќ почина на 67-годишна возраст. Познатиот музичар ја изгуби битката со коронавирусот утрово. Тој се лекуваше од коронавирусот во КБЦ „Бежаниска коса“, а неговата состојба се влошила и бил ставен на респиратор.
Неговата ќерка Мина Алексиќ пред неколку дена објави тажна порака на Фејсбук за состојбата на нејзиниот татко. Веруваше дека ќе се опорави.
„Мојот Миша е заболен од ковид и е на респиратор веќе трет ден. Секој час е негова борба за животот, како и моја за него. Миша би сакал сите наши блиски луѓе да знаат каков борец е тој. Би сакал сите луѓе кои го сакаат и почитуваат да бидат со нас, да бидат со него и да веруваат дека ќе го победиме коронавирусот“, напиша таа.
Мите Јаначков