Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

SZOzgrada fin

23.10.2020

Северната хемисфера е во „критичен момент“ за пандемијата на коронавирус, предупреди денеска шефот на Светската здравствена организација, проценувајќи дека премногу земји бележат експоненцијален раст на случаи на инфекција.

„Се наоѓаме во критичен момент за пандемијата, особено во северната хемисфера“, соопшти генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом

Гебрејесус на прес-конференција, нагласувајќи дека премногу земји доживуваат експоненцијално зголемување на случаите, со што болниците и единиците за интензивна нега е полни или веќе ги преминале капацитетите, уште во октомври.

Тој оцени дека следните месеци ќе бидат многу тешки и дека некои земји се на опасен пат.

Во последните 24 часа, скоро половина од сите случаи на заразени регистрирани во светот се во Европа, изјавил шефицата за управување со пандемијата при СЗО, Марија ван Керхове.

Во неколку земји, границите на болничкиот капацитет ќе бидат достигнати во следните недели, проценила таа.

„Веднаш ги замолуваме водачите да преземат итни мерки за да се избегнат непотребни смртни случаи, колапс на неопходните здравствени услуги и затворање на училиштата. Како што реков во февруари и сега повторувам, ова не е вежба“, рекол шефот на СЗО Тедрос Гебрејезус.

Тој навел дека ако владите успеат да воспостават систем за пребарување контакти и да се концентрираат на изолирање на сите случаи и контакти во карантин, ќе биде можно да се избегне општо затворање.

„Сме виделе многу пати низ целиот свет дека никогаш не е доцна за лидерите на земјите да дејствуваат и да ја надминат епидемијата“, соопштил Гебрејесус.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново