Италија со највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата
Објавено на 23 октомври, 2020 во 20:39
23.10.2020
Во Италија, во последните 24 часа се потврдени 19.143 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата, објавило тамошното Министерство за здравство.
Претходниот рекорд бил поставен вчера, кога имало 16.079 новозаразени, пренесува Ројтерс.
Од последниот пресек на бројките, 91 лице починало, што е помалку од 136 од претходниот и далеку помалку отколку екот на епидемијата во март и април, кога земјата објави повеќе од 900 случаи во еден ден.
Во Италија, од почетокот на епидемијата се потврдени 484.869 случаи на коронавирус, а починале 37.059 лица.