Курц: Вакцината против вирусот корона ќе биде достапна во првата половина на следната година
20.10.2020
„До следното лето, од денешна гледна точка, можеме да се вратиме во нормала“, рече Курц во изјавата за австрискиот јавен сервис ОРФ.
Во случај на заклучување или ситуација слична на затворање, тој не можеше да исклучи таква мерка за Австрија.
Австрискиот канцелар посочи дека има многу земји со значително поголем број на заразени лица, каде училиштата и рестораните се повторно затворени и воведена е забрана за излез.
„Сакаме да го спречиме тоа во Австрија, ако е можно“, рече Курц.
Курц рече дека бројот на новозаболени лица е двојно зголемен во рок од три недели и дека има итна потреба да се запре овој тренд.
„Затоа, ги замолувам граѓаните да ги намалат социјалните контакти, да се придржуваат до мерките и со тоа да го дадат придонесот за да можеме добро да го поминеме вториот бран, подвлече тој.