Загина маж во несреќа со моторен „Змеј“ кај Суботица
Објавено на 30 август, 2018 во 07:44
Во близина на аеродромот „Биково“ кај Суботица, во соседна Србија, загина Срџан Џоганович (39) од Бајце, кај Бачка Топола, при пад на летало „Змеј’ во блиска нива, јави pink.rs
Несреќата се случила околу 6.45 часот, под неразјаснети околности. Џоганович загинал на лице место.
Се води истрага за утврдување на причините за падот на леталото.