Две лица починаа во Народната библиотека во Белград
Објавено на 24 август, 2018 во 15:40
Две лица починаа денеска во Народната библиотека во Белград, а полицијата потврди дека станува збор за задушување.
Итната помош примила дојава нешто по 13 часот дека двајца мажи се гушат во библиотеката, па интервенирале и пет возила со 18 пожарникари.
Мажите кои се најдени во бесознание се префрлени во болница, но таму е констатирана смрт.
Од зградата на народната библиотека евакуирани се 50 лица.
Констатирано е дека починатите се работници кои работеле на климатизацијата, а најверојатно се затруле од протекување гас. Истрагата е во тек.