Евакуирана Амбасадата на Холандија во Сараево
Објавено на 12 февруари, 2018 во 17:06
Амбасадата на Холандија во Сараево е евакуирана откако Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина примило анонимен повик за поставена бомба.
Во Амбасадата на Холандија испратена е единица за борба против тероризмот и полиција.
Се уште нема информации за резултатите од проверката на објектот.