Снежни врнежи ја затворија Ајфеловата кула
Објавено на 7 февруари, 2018 во 08:41
Силните снежни врнежи ја затворија Ајфеловата кула, објави Гардијан.
Првиот потешка студ за оваа зима во земјата доведе до транспортни проблеми во северниот дел на Франција.
Не патуваат привремено и школските автобуси. Се очекува снежните врнежи денеска да се интензивираат. Во 27 одделенија е издадено предупредување за влошување.
Истовремено нивото на реката Сена во Париз достигна врв Претходно ова утро нивото на реката се искачи на 5,84 метри .
Потсетуваме и дека во јануари поројните дождови предизвикаа поплави во француската престолнина Париз и ги принудија властите да затворат голем број музеи. Нивото на реката Сена достигна рекордно ниво и се преземаат итни мерки.